Пандев го одбра својот фаворит: Наполи го заслужува Скудетото, баш би сакал да го видам славјето во Неапол

by
1 минути читање

Горан Пандев, кој две години го носеше дресот на Наполи, овој викенд се враќа на Сан Паоло, во рамките на 29. коло од Серија А, Џенова им гостува на „Наполитанците“.

Па во пресрет на мечот, капитенот на „Црвено-жолтите“ разгораваше со медиумите од Италија за можноста Наполи да го освои Скудетото откако сега заостанува 4 бода зад Јувентус.

„Мислам дека трката за титулата не е завршена. Остануваат уште 10 кола и Наполи не смее да се откаже. Веројатно Јувентус има помалку притисок, но до крајот има уште многу и меѓусебниот дуел може да се покаже како клучен“ – вели Пандев за Ил Матино.

„Не смееат да престанат да веруваат во Скудетото бидејќи она што Наполи го направи до сега е чудесно. Без разлика каква е серијата на Јувентус, Наполи ја заслужува титулата“.

„Секогаш си замислував како градот ќе слави Скудето и баш би сакал да го видам тоа во мај“.

За дуелот во недела, Македонецот додава: „Наполи го игра најубавиот фудбал во Италија а можеби и во Европа. Тоа ќе биде тежок натпревар. Мораме да одиграме цврство во одбрана и да се обидеме да го изненадиме противникот на контри. Ако се овориме и одиграме офанзивно, Наполи ќе не „масакрира“. Сари е инзвонреден тренер. Наполи игра одличен фудбал, се забавуваат, уживаат на теренот и сите играат со срце. Можеби противниците не уживаат толку…“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани