Паднал договор, Сити ќе му плати богатство на Челси за Мареска

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Скај Италија, Манчестер Сити се сложил на Челси да му плати околу 20 милиони евра како компензација за да го именува Енцо Мареска за нов тренер.

По веста дека Пеп Гвардиола го напушта кормилото на Манчестер Сити, веднаш почнаа да кружат гласини дека Енцо Мареска ќе биде именуван за нов тренер на „ѓраѓаните“.

Ова не му се допадна на Челси, „сините“ сметаа дека Манчестер Сити зад грб им преговарал со Енцо Мареска, односно преговорите започнале уште додека стратегот бил под договор со нив, и сметаат дека токму ветувањето дека ќе го наследи Пеп Гвардиола, била една од главните причини Италијанецот да реши да си замине од Лондон.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ дури се закани и со тужба, па за „граѓаните“ да избегнат непријатна ситуација, седна на преговори.

Како што пренесува Скај Италија, двете страни начелно постигнале договор, Манчестер Сити се сложил на Челси да му плати околу 20 милиони евра како компензација, и со тоа се отвара вратата Енцо Мареска да биде именува за нов тренер на „Етихад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×