1

Гоце Седлоски и Мурат Јакин ги одбраа стартерите за денешниот натпревар меѓу Македонија и Швајцарија од Лигата на нации.
Македонскиот селектор се одлучи за офанзивен состав.
Најистурен во нападот ќе биде Растодер, а зад него ќе делува Миовски. По страните ќе бидат Елмас и Костадинов.
Во средниот ред е дебитантот Гаштаров и Барди. Бекови се Илиевски и Ерера, а централни дефанзивци Муслиу и Зајков. На голот стандардно е Димитриевски.
