Одреден идеалниот тим за реванш осминафиналињата во ЛШ, Донарума е играч на неделата

by 24 фудбал
1 минути читање

Европската фудбалска федерација – УЕФА го одреди идеалниот тим за реванш дуелите од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Меѓу стативите се најде Џанлуиџи Донарума кој всушност е избран и за играч на неделата во елитното натпреварување. Италијанскиот голман одбрани два пенали и го одведе ПСЖ до победа на „Енфилд“ против Ливерпул.

Во дефанзивната линија се Нуно Мендеш, Асенцио, Емре Џан и Дензел Дамфрис. Средниот ред го сочинуваат Родриго Де Пол, Педри и Марко Асенсио.

Во офанзивната тројка се најдоа Максимилијан Бејер, Хари Кејн и Рахим Стерлинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани