Новинар го испофали, по пет минути доби црвен картон: Орељана со трето исклучување против Барса (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Спортскиот новинар на „Скај“,
Рон Волкер го испофали Фабиан Орељана за неговото издание против Барселона
вчера, но тоа што се случи по пет минути во целост го сруши неговиот впечаток.

Чилеанецот се налути при
една одлука на главниот арбитар на мечот кој досуди прекршок за Каталонците, и
со рака ја удри топката по што заработи и втор жолт картон, а по автоматизам
предвреме беше испратен во соблекувалната.

Чилеанецот дури шест
пати е исклучен на натпреварите од Ла Лига, а дури три пати од дуелите со
Барселона, тој еднаш дури фрли и парче од тревникот кон лицето на Бускетс во периодот додека настапуваше за Селта…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани