Нови детали од хаосот на Олд Трафорд: Ибра, премногу зборуваш, а премалку трчаш

by
2 минути читање

Шпанскиот весник „Спорт“ објави детали за целиот инцидент што се случи по дербито во англиската Премиерлига каде Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Манчестер јунајтед.

Во тие детали беше
спомнато дека на Мурињо не му се допаднало тоа што фудбалерите на гостинскиот
табор со гласна музика ја славеле победата, па така почнала голема мешаница по
коментарот на португалскиот стратег кон нив откако влегол во нивната
соблекувална.

Медиумите на Островот
изнесоа нови информации околу тој немил настан, а овој пат во фокусот на
вниманието се најдоа помошниците на Пеп Гвардиола кои го испровоцирале
шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Ибра, премногу
зборуваш, а премалку трчаш
“ коментирале од стручниот штаб на шпанскиот тренер.

Извор: dailymail.co.uk

Швеѓанецот инаку влезе на дербито во 76. минута, но неговото влегување на теренот не промени ништо во однос на резултатскиот план на мечот.

Овие коментари на
еуфоричните тренери кои се дел од стручниот штаб на Манчестер Сити дополнително
ја загреале и онака напнатата атмосфера по дербито а ситуацијата кулминирала по
лудото славје во соблекувалната на Сити на која своја реакција имал Мурињо (деталите
тука).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани