Ниту Роналдо, ниту Меси: Ламин Јамал запиша уникатен рекорд во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ламин Јамал испиша историја во фудбалот бидејќи стана најмлад фудбалер со дваесет натпревари во Лигата на шампионите.

Шпанецот на 17-годишна возраст е единствен играч кој не е ниту полнолетен, а веќе има дваесет натпревари во ова натпреварување. Тоа достигнување Јамал го постигна против Борусија Дортмунд против кој беше и стрелец.

Досега во 20 натпревари во Лигата на шампионите младиот Јамал има три погодоци и шест асистенции. Неодамна стана и најмлад игрча со гол и асистенција на еден натпревар.

Ова се работи кои своевремено не им успеаја ниту на Лионел Меси и Кристијано Роналдо…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани