763
Фудбалерите на ПСЖ го „преживеаја“ гостувањето кај Астон Вила и на крајот со пораз од 3-2 се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Водеше гостинот со 0-2 на „Вила Парк“, ама домашните направија пресврт и стигнаа до 3-2. Сепак, немаа сили за да постигнат уште еден гол кој ќе обезбедеше барем продолженија.
Неверојатна ситуација се случи кога судијата Хозе Марија Санчез одејќи наназад налета на понискиот Жоао Невеш и го удри со лакт во лице. Овој судир беше навистина несекојдневен и го привлече вниманието, а за среќа асот на ПСЖ не беше повреден.
The ref fouled João Neves 😭 pic.twitter.com/XgcwwFTIJw
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) April 15, 2025