Недвед „уловен“ на средба со еден од претставниците на Марсијал

by
1 минути читање

Спортскиот директор на Јувентус, а воедно и легенда на клубот, чехот Павел Недвед синоќа бил забележан на средба а воедно и разговор со еден од претставниците на Ентони Марсијал, фудбалерот на Манчестер јунајтед, Нелио Лукас, пренесува „Калчомеркато“.

Лукас е инаку дел од „Дојен Спортс“ со кого направи значителни трансфери во европскиот фудбал, воедно одигра мошне важна улога во реализацијата на трансферот во Марсијал на Олд Трафорд.

Познато е дека преговорите помеѓу тимот од Манчестер со Французинот не одат баш во позитивна насока околу продолжување на соработката помеѓу обете страни, па се поизвесно е тоа дека Јувентус сака да ја искористи оваа ситуација.

Актуелниот важечки договор на Марсијал со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2019. година, доколку не падне договор во скоро време, извесно е дека тој ќе си замине претстојново лето.

Синоќешната средба се случила во Англија, каде Јувентус го играше реванш мечот против Тотенхем, откако прогресираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, по триумфот од 1-2 сред Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани