Гостувањето кај
Виган се покажа мноту потешко од очекувањата за лидерот во Премиерлигата.
Манчестер Сити важеше за голем фаворит, но работите не одеа според планот за на
крајот домаќините да приредат сензација и да ги елиминираат „Граѓаните“.
Гостите ги фати
нервоза кон финишот на првиот дел кога Делф доби црвен картон за опасен старт.
Овој инцидент придонесе Пеп Гвардиола да влезе во расправија со колегата од
Виган, Пол Кук. Двајцата почнаа да се објаснуваат покрај аут-линијата, дебатата
продолжи и во тунелот кон соблекувалната каде настана и мешаница, но беше
избегнат поголем инцидент.
По финишот на
мечот разумот го загуби и Кун Агуеро, Аргентинецот се степа со фан на Виган. По
последниот свиреж на судијаа, добар дел од домашните навивачи влегоа на терен
за да прослават, а еден од нив му дофрли нешто на напаѓачот кој нервозно
реагираше и го удри фанот.
Кун Агуеро за
овој инцидент сигурно го чека казна.
— BeanymanSports (@Beanyman62) February 19, 2018