Лионел Меси со аргентинската репрезентација пристигна во Мајами, каде в сабота ќе го одигра натпреварот против Зеленортските Острови во шеснаестинафиналето на Светското првенство.
По слетувањето, аргентинскиот капитен мина низ стандардна безбедносна контрола на аеродромот, без каков било посебен третман. Камерите го снимија како ја поминува целата процедура, вклучувајќи и скенирање на телото.
Меси мирно ја прифати проверката, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, бидејќи и покрај тоа што со години игра за Интер Мајами, безбедносните правила не направија исклучок ниту за него.
Аргентина в сабота ќе се соочи со Зеленортските Острови во борбата за место во осминафиналето на Светското првенство.