80
Шахтјор доживеа
елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите откако на гости во
реваншот загуби минимално од Рома, а на домашен терен победи со 2-1.
Фудбалерите на
украинскиот клуб се потрудија да дојдат до позитивен исход на мечот во Рим, но
не успеаа во тоа, а имаше и мали искри на теренот, откако првата ѕвезда на
Шахтјор, Факундо Фереира брзајќи веднаш да изведе прекин за својот тим, го
турна собирачот на топките преку рекламите.
На ова бурно
реагираа фудбалерите на Рома по што настана тензична атмосфера на теренот.
data-lang="en">
data-lang="en">