„Морално насилство? Земаш плата од 6 милиони, купен е и брат ти паразитот” – навивачите на Милан удрија по Донарума (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Голманот и
навивачите на Милан не се во најдобар однос откако Џиџо Донарума во јуни одби
да ја продолжи верноста иако на маса имаше пребогат договор за еден тинејџер.

Италијанецот
потоа се предомисли и стави потпис на договор со кој стана еден од најплатените
фудбалери во Италија со примаѓа помеѓу 5,5 и 6 милиони евра.

Еден од условите
за негово останување беше и ангажман на неговиот брат Антонио, кој исто така
доби милионски договор.

Но оваа недела се
појавија нови гласини за иднината на голманот, наводно Џиџо Донарума се пожалил
на морално насилство и побарал договорот да биде поништен.

Новата драма не
им се допадна на навивачите, кои своето незадоволство го искажаа на вечерашниот
дуел против Верона во Купот на Италија.

Кога спикерот го
прочита името на Џиџо Донарума, пристигна бура свирежи од трибините а се појави
и транспарент на кој пишуваше: „Морално насилство? Добиваш плата од 6 милиони
евра, купен е брат ти паразитот. Оди си, повеќе немаме трпение!
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани