Мизерниот Арсенал сепак пресилен за Милан, „Топчиите“ го освоија Сан Сиро (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Топчиите“ играат далеку под очекувањата во последно време, имаат четири порази во серија, атмосферата во тимот е
очајна а притисокот од навивачите се поголем.

Но и во ваква
лоша ситуација, Арсенал успеа да слави против Милан, тим кој игра во одлична форма и 13 натпревари во низа не знае за пораз.

„Росонерите“
на стартот извршија мини притисок со неколку корнери, но на спротивната страна
првата вистинска шанса Арсенал ја претвори во гол. Хенрих Мхитарјан имаше
одличен соло пробив, биеше, топката го закачи Бонучи и заврши зад грбот на
Донарума

Во последните
мигови од првиот дел, гостите уште еднаш се радуваа на погодок. Озил одлично го
уфрли во празно Рамзи, кој имаше доволно време да го помине Донарума и рутински
да ја затресе мрежата на Милан за 0-2.

„Топчиите“ во
второто полувреме не беа премногу заинитересирани за напад, но избраниците на
Гатузо не знаеја да ја искористат ваката поставеност на гостите за да се
изборат за подобар резултат.

На останатите
натпревари од 19 часот, Атлетико Мадрид со 3-0 славеше над Локомотив Москва,
Салцбург триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Борусија Дортмунд, а Лион со
минимална победа од 0-1 се враќа од гостувањето кај ЦСКА Москва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани