Мингс се огласи по суспензијата од пет натпревар: Разочаран сум, не го згазнав Ибра намерно

by
2 минути читање

Тајрон Мингс и
Златан Ибрахимовиќ имаа неколку дуели на Олд Трафорд па се најдоа на тапет кај
ФА.

За лактот кој
напаѓачот на Манчестер јунајтед му го удри на дефанзивецот на Борнмут, Златан Ибрахимовиќ
доби три натпревари суспензија.

Тајрон Мингс пак
помина полошо, тој пет натпревари ќе оди на ладење откако згазна на главата на
Швеѓанецот.

Дефанзивецот на
Борнмут не се сложува со ваквата одлука на ФА, па изрази негодување на
социјалните мрежи.

„Навистина сум
разочаран од одлуката на ФА да ми изрече суспензија од пет натпревари, откако
имав ненамерен судир со Златан Ибрахимовиќ
– гласеше пораката на Мингс на Твитер.

„Во ниту еден
момент немав намера да го згазнам ниту пак моето движење сугерира на нешто такво
.

„Моето стапало не
го промени правецот во ниту еден момент и не се обидов да го придвижам
стапалото кон неговата глава. Сакав само што побрзо да станам и да се вратам во
одбрана. Не сум валкан играч и вакви потези не се дел од мојата игра
.

„Па вознемирен
сум што луѓето мислат дека намерно сум згазнал колега фудбалер
.

„Вакво однесување
не е дозволено никаде, најмалку на фудбалски терен, и никогаш не сум помислил
да згазнам некого
.

„Сакам да му се
заблагодарам на Борнмут и на сите фанови за поддршката која ми ја дадоа оваа
недела. Со нетрпение чекам да се вратам и да му помогнам на тимот да обезбеди
опстанок
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани