Атлетико го победи Реал во дербито на Мадрид, Хујсен е трагичарот (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Атлетико Мадрид со 2-1 го победи Реал Мадрид, клучниот момент се случи во 50. минута кога Хујсен направи пенал и доби црвен картон, па кралскиот клуб остана со фудбалер помалку.

Првото полувреме се одликуваше со голема борба, но малку обиди за гол. Реал Мадрид имаше повеќе шутеви, Атлетико шутна само еднаш.

Но, рано во второто полувреме една грешка на Хујсен го промени натпреварот. Дефанзивецот направи прекршок за пенал и доби црвен картон како последен играч од одбраната.

Грималдо прецизно го реализираше пеналот за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.

Шест минути подоцна Џонатан Дејвид по асистенција на Симеоне даде гол за 2-0. Веќе беше јасно. Атлетико имаше убава предност и играч повеќе на теренот.

Во 89. минута Ридигер даде гол со глава и намали на 2-1 за возбудлив финиш на натпреварот.

Остана уште судиското продолжение во кое Реал Мадрид не успеа да се спаси од пораз.

Со оваа победа Атлетико Мадрид го прескокна Реал на табелата и се качи на второто место, кралскиот клуб падна на третата позиција, а ако Бетис освои барем бод против Депортиво, тимот на Мурињо може да биде и четврти по седум одиграни меча.

Видео од мечот може да видите на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×