Дали Севиља беше оштетена на мечот со Барса? (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона синоќа одигра уште еден одличен меч и благодарение на брилијантноста на Рафиња и неговиот хет-трик, запиша нови три бода, овојпат од гостувањето кај Севиља. Но, текот на мечот можеше да биде поинаков.

Рано во втротото полувреме, при водство на Барселона од 2-1, Севиља имаше голема шанса да изедначи, домашниот фудбалер ќе излезеше еден на еден со Ливаковиќ, но судијата ја прекина играта.

Според многумина не беше фаул врз Кристенсен. Но, тоа не е главната грешка на судијата. Неговиот аматерски потег е тоа што не дозволи акцијата да заврши, а потоа со ВАР да биде проверено дали било фаул или не.

Ова се основни работи откако е воведен ВАР, но судијата свирна, тренерот и фановите на Севиља збеснаа кога видоа што направи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×