Мурињо е бесен на судиите: Имаше два чисти црвени за Атлетико! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо и сите во Реал Мадрид се бесни на судењето на дербито против Атлетико, сметаат дека во првото полувреме имаше два чисти црвени картони за домаќините.

Мурињо на прес-конференцијата по мечот излезе со печатени ситуации од стартовите за кои смета дека Атлетико требаше да остане со играч помалку.

„Фаулите на Канг-Ин Ли и Ромеро врз Валверде и Џуд беа два црвени картони. Наместо да играме 11 на 9 во наша полза, ние игравме 10 на 11 во нивна полза“, вели Мурињо.

„Господин Трухиљо, ВАР судијата, кој не го повика главниот судија да го види црвениот на Канг-Ин Ли, има многу чудна приказна со Реал Мадрид. Само видете ја минатата сезона, во толку многу мечеви против Реал Мадрид. Главниот судија Ортиз, очигледно не можеше да се справи со притисокот во вакви натпревари“.

„Сакам да му честитам на комитетот на судии за изборот на судиите за овој натпревар. Честитки. Оритиз е судија кој не суди во Европа. Зошто? Затоа што не е доволно добар. Но, е делегиран на дербито“.

„Горд сум на фудбалерите, немам замерки за нив. Тие покажаа глад, борба, посветеност и се бореа до самиот крај. Сакам само да ги прегрнам“.

„Единствена работа која недостасува во Ла Лига е да се дозволи противниците на Реал Мадрид да користат пиштоли“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×