Барселона ја забележа седмата победа од исто толку натпревари во Ла Лига, денеска каталонскиот тим славеше на гостувањето кај Севиља со 3-1, сите три погодоци беа дело на Рафиња.
На Рафиња му легна улогата на „деветка“ и оваа сезона е незапирлив, денеска постигна три гола за три бода на Барселона. За седум кола Бразилецот има неверојатна бројка од 12 погодоци.
Денешниот меч не почна најдобро за Барселона, со гол на Фофана во 19. минута Севиља поведе со 1-0.
Но, само три минути подоцна Рафиња го даде својот прв гол на мечот за израмнување на 1-1.
По седум минути игра во вториот дел Рафиња погоди за комплетен пресврт и водство на Барселона од 2-1.
Во 69. минута Рафиња комплетираше хет-трик поставувајќи ги конечните 3-1.