Мијатовиќ со совет до Винисису: Нема друг клуб како Реал, 5 милиони не ти прават разлика

by bojan
1 минути читање

Легендарниот Предраг Мијатовиќ даде свое видување за ситуацијата на Винисиус Жуниор и го советува да направи отстапки од барањата и да стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид никако да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Последните информации велат дека „кралевите“ направиле дополнителен напор и на маса ставиле предлог вреден околу 22 милиони евра по сезона, но Бразилецот ја одбил и оваа понуда и наводно бара околу 30 милиони евра по сезона, или приближно до она што го заработува Килијан Мбапе.

Легендарниот Предраг Мијатовиќ сега даде свое видување на ситуацијата и вели дека ако ваквите написи се точни, тоа упатува дека Винисиус Жуниор е на излезна врата.

Тој исто така ја искористи приликата да упати совет до напаѓачот, дека нема да најде друг клуб како Реал Мадрид, и дека во овој дел од кариерата, дали ќе заработува 20 или 25 милиони евра по сезона, нема да му направи голема разлика во животот.

„Подобро е да бидете втор во Реал Мадрид отколку број еден во било кој друг клуб во светот“ – вели Предраг Мијатовиќ.

„Можам да ви кажам што ќе се случило со Винисиус или било кој друг што сака да замине, и ова го кажувам од лично искуство“.

„Многу фудбалери го напуштиле клубот, вклучително и јас, понекогаш лути и разочарани, но потоа доаѓа моментот кога ќе сфатиш што си оставил зад себе“.

„Кога ќе пристигнеш во друг тренинг центар, кој не е Валдебебас, или ќе истрчаш на терен на стадион кој не е „Бернабеу“, веќе по само еден ден си велиш „Боже, колку само погрешив…““

Можно е и ова да ти се допаѓа

×