Адем Љајиќ не беше во
составот на Торино во синоќешната гостинска победа од 1-3 кај Лацио во
редовното коло од италијанската Серија А.
Се чини дека Љајиќ и
поранешниот српски селектор и моментално шеф на стручниот штаб на Торино,
Синиша Михајловиќ имаат нови недоразбирања.
Познато е дека
Михајловиќ претходно го санкционираше Љајиќ поради тоа што не ја пееше српската
химна за време на репрезентативните натпревари, а овој пат ситуацијата е нешто
поинаква.
Михајловиќ овој пат го
суспендирал Љајиќ поради недисциплина.
„Тој беше на трибините
поради лошо однесување. Правеше некои работи во текот на неделата кои мене
воопшто не ми се допадна. Тимот е повеќе од една индивидуа, очекувам друг
пристап од негова страна, некој позитивен пример. Го испратив поради тоа на
трибините, ќе видиме дали ја научил лекцијата“ изјави Михајловиќ.