Утре Челси ја пречекува Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Сите очи ќе бидат вперени во Меси кој ќе се соочи со тимот против кој има најлоша статистика.
Меси против Челси има одиграно осум натпревари и ниту еднаш не се радувал на погодок. Шутираше и пенал, имал и пречки и стативи, но никако не ја тресел мрежата на сините.
Меси постигнал 100 голови во европските натпреварувања, се соочил со 37 различни екипи, не успеал да постигне гол против седум од нив, Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, Ливерпул, Рубин Казан и Удинезе. Но против другите на кои не им дал гол има многу помалку натпревари со нив.
Челси е најтешкиот противник за Меси, против сините играл 655 минути, вкупно осум натпревари и не им дал гол. Единствениот тим во Европа против кој поминал повеќе минути на теренот е Милан (720 минути), но дури осум пати ја тресел мрежата на росонерите.
Додека Чех бранеше за Челси се чинеше дека Аргентинецот е немоќен против чешкиот голман, Но кога тој се пресели во Арсенал, Меси веднаш му даде гол, а постот против Челси продолжи и по промената на голманот.
Утре Меси ќе има нова шанса да му даде гол на Челси, дали конечно ќе успее, останува да видиме.