Мексико ја победи Јужна Кореја и го завери местото во следната фаза! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Мексико со 1-0 ја победи Јужна Кореја и ја запиша втората победа на Светското првенство, со шест бодови е сигурен патник во нокаут фазата.

Два од два за домаќинот на Мундијалот, овојпат беше доволен еден погодок за трите бода.

Клучниот момент се случи во 50. минута кога голманот на Јужна Кореја направи катастрофален кикс кој го искористи Ромо за предност на Мексико од 1-0, што беше и конечен резултат

По две одиграни кола, Мексико има шест бодови, Јужна Кореја три, а Чешка и Јужна Африка по еден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×