1,5K
Екипата на Интер ја исфрли Барселона во едно од најдобрите полуфиналиња во историјата на Лигата на шампионите. Откако првиот меч во Каталонија заврши 3-3, по нова огромна драма Италијанците со 4-3 славеа по продолженијата на „Џузепе Меаца“.
Играчите на Барселона на крајот беа фрустрирани и разочарани, а дел од нив не знаеја како да го поднесат поразот. Таков беше Иниго Мартинез, кој за време на славјето на Интер во моментот кога Франческо Ачерби претрча пред него реши да го плукне.
Овој момент мина незабележано, иако веројатно требаше да биде казнет со црвен картон.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) May 6, 2025