62
Манчестер јунајтед имаше фантастично отварање на големиот меч. Гол во три потези во 14 минута, дегажман на Де Геа до Лукаку кој со глава му ја спушти на Рашфорд, а тој прекрасно го измести Арнолд Александер и испука бомба во мрежата на Кариус за водство од 1-0.
Само десет минути подоцна нов гол на Рашфорд, топката дојде до него, а тој знаеше како уште еднаш да ја смести во мрежата на Ливерпул.