Манчестер јунајтед во одлично дерби славеше над Ливерпул (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Јунајтед приреди вистински спектакл на Олд Трафорд и запиша голема победа од 3-2 против Ливерпул во дербито од 35. коло во Премиер лига.

„Ѓаволите“ отворија фуриозно и веќе во шестата минута поведоа преку Матеус Куња, а само осум минути подоцна Бенјамин Шешко зголеми на 2-0. Домашниот тим доминираше во првиот дел, создаваше шанси и го остави ривалот без вистински одговор, па на пауза замина со убедлива предност.

Сепак, продолжението донесе сосема поинаква слика. Гостите се разбудија веднаш по паузата, кога Доминик Собослаи намали на 2-1, а потоа Коди Гакпо израмни на 2-2, враќајќи ја неизвесноста во дербито. Во тие моменти Ливерпул беше во налет и се закануваше со целосен пресврт.

Кога се чинеше дека натпреварот оди во нивна насока, сцената ја презеде младиот Коби Маино, кој во 77. минута со мајсторски удар донесе ново водство за Јунајтед. До крајот, избраниците на Арне Слот притискаа и бараа израмнување, но домаќините успеаја да ја сочуваат предноста и да се израдуваат на значајна победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×