Лукаку призна дека немал храброст да го шутира пеналот во 125. минута против Сенегал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Белгија со голем пресврт го елиминира Сенегал и обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, а по натпреварот една од главните теми беше одлуката на Ромелу Лукаку да не го изведе пеналот во финишот на продолженијата.

Иако белгискиот напаѓач ја зеде топката по досудениот пенал и првично се подготвуваше да шутира, по неколкуминутниот прекин поради протестите на фудбалерите на Сенегал, се предомисли и му ја препушти одговорноста на Јури Тилеманс. Играчот за врска не погреши, беше сигурен од белата точка и го постигна победничкиот гол за 3-2, со кој Белгија избори место меѓу најдобрите 16 репрезентации.

Лукаку по натпреварот откри дека одлуката ја донел затоа што во тој момент не се чувствувал психолошки подготвен да го преземе најголемиот товар.

Ментално не сум подготвен за такви тешки и клучни ситуации, па затоа решив тоа да му го препуштам на Јури. Тимот е пред сè“, изјави искусниот напаѓач.

Белгија во осминафиналето ја очекува нов тежок предизвик, бидејќи за противник ќе ги има домаќините Соединетите Американски Држави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×