67
Феноменален гол на
првата ѕвезда на европскиот првак.
Кристиано Роналдо со
вистинска фудбалска мајсторија го постигна голот за водство на Реал Мадрид од
2-0 против Борусија Дортмунд на домашен терен, откако претходно погоди Мајорал.
Од место, Португалецот
погоди во небранетиот агол на голот на гостите, а со тоа испиша и историја,
стана првиот фудбалер кој постигнал гол на сите шест натпревари во групната
фаза од Лигата на шампионите.