Интер ќе биде ослабен за првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Барселона – Бенџамин Павар нема да патува за Шпанија поради повреда на левиот скочен зглоб.
Францускиот дефанзивец се повреди во неделата на натпреварот против Рома (0-1), откако незгодно го изврте зглобот при еден дуел. Иако се обиде да продолжи по лекарската интервенција, беше принуден да излезе од игра. Според информациите на „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“, Павар ќе го прескокне дуелот на „Камп Ноу“.
Добра вест за Симоне Инзаги би можела да биде потенцијалното враќање на Маркус Турам, кој поради повреда на бутниот мускул ги пропушти последните три натпревари.
Формата на Интер сериозно падна – тимот од Милано има три порази во низа: од Болоња и Рома во Серија А, и од Милан во полуфиналниот реванш од Купот (0-3). Со елиминацијата од Купот, шансата за тројна круна падна во вода.„Нераѕурите“ сега се во трка за два трофеи – Лигата на шампионите и Серија А. Во првенството паднаа на втората позиција со 71 бод, три помалку од лидерот Наполи.
Првиот полуфинален натпревар меѓу Барселона и Интер се игра во вторник од 21:00 часот во Шпанија. Во исто време, Арсенал на „Емирати“ го пречекува ПСЖ во второто полуфинале.