Ливерпул е
последната екипа од Премиерлигата која се приклучи во трката за ѕвездата на
Реал Мадрид, Герет Бејл, инаку поранешен фудбалер на Тотенхем за кого интерес
веќе имаат пријавено Манчестер јунајтед, Челси, како и неговиот поранешен
клубод Лондон.
Постојат
шпекулации кои дури велат дека Велшанецот ќе биде искористен како „жртва“ во
амбициозниот проект на гигантот од Мадрид во неговите амбиции да се засили со
Нејмар, кој од Барселона се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а
доколку се остварат овие најави, тоа би било спектакуларен трансфер, ако се
земе во предвид големиот ривалитет помеѓу двата шпански клуба.
Ова е петта
сезона за Бејл во дресот на Реал Мадрид, кој пак сака да има бенефит од
инвестираните 88 милиони фунти во неговиот трансфер од Тотенхем, па ништо чудно
да биде продаден во претстојниот летен преоден рок.