Ливерпул одбил да седне на маса со Барселона и да преговара за трансфер на Луис Диаз, „црвените“ не сакаат да го продадат офанзивниот фудбалер, ако треба ќе го изгуби и беспари.
Се шпекулира дека Луис Диаз е главна трансфер цел на Барселона, и како што пренесува новинарот Дејвид Орнштајн, „каталонците“ вчера стапиле во контакт со Ливерпул.
Сепак, клубот од Енфилд одбил да преговара за трансфер и порачал дека Колумбиецот не е на продажба.
„Црвените“ заземале ваков цврст став и покрај тоа што преговорите со Луис Диаз за нов договор тапкаат во место, актуелниот шампион на Англија во моментов е на став дека ако треба ќе го изгуби Луис Диаз и беспари, ама нема да го испрати на Камп Ноу.
ФОТО: X/Liverpool FC