Ливерпул ќе го награди Мане со побогат договор?

by
1 минути читање

Според информациите кои
ги пренесуваат дел од медиумите на Островот се вели дека Садио Мане,
офанзивецот на Ливерпул, се очекува да биде награден за одличните партии од
страна на клубот, со што би добил нов, побогат договор.

Нема дилеми дека Мане ќе
добие многу повеќе во однос на платата која моментално ја заработува во износ
од 80,000 фунти неделно, а Ливерпул сигурно нема да дозволи да си замине уште
една ѕвезда по Кутињо.

Мане има уште три години
од актуелниот важечки договор, нема притисок ниту врз него, ниту врз клубот
околу договорот кој следи а го најавија некои медиуми на Островот.

Се шпекулира дека по
Мане, нов и побогат договор треба да добие и Салах кој игра во животна форма,
но прв на агендата е Мане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани