Ливерпул и Челси одиграа нерешено, Мињоле од трагичар до херој (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул и Челси ги поделија бодовите на Енфилд играјќи 1-1, Диего Коста не успеа да реализира пенал.

Резултатот беше отворен во 24. минута со прекрасен гол на Давид Луиз од слободен удар кој оди на душа на Мињоле. Голманот на Ливерпул не беше подготвен иако судијата имаше дадено знак за шут.

По четири минути игра во вториот дел се случи големо промашување на Фирмино, иако беше сам пред Куртоа, шутна високо на трибината.

Но, осум минути подоцна Ливерпул успеа да изедначи на 1-1, гол со глава постигна Вајналдум откако Моузес случајно му асистираше.

Челси имаше огромна шанса да си замине со сите три бода од Енфилд, но Диего Коста не реализираше пенал. Мињоле го одбрани неговиот удар и се извади за грешката во првото полувреме.

По 23 одиграни кола Челси ја задржа предноста од девет бода пред останатите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани