Новиот директор на Јувентус ќе седне на преговори со Влаховиќ

by bojan
1 минути читање
Влаховиќ

Џовани Карневали од денеска е нов генерален извршен директор на Јувентус, а како што пренесуваат медиумите, една од неговите први мисии ќе биде да го убеди Душан Влаховиќ да продолжи во Торино.

На почетокот од овој месец беше објавено дека Душан Влаховиќ беспари ќе го напушти Јувентус откако преговорите за нов договор влегоа во ќор сокак.

Но две недели подоцна, медиумите од Италија пренесуваат дека сепак постои можност Србинот да продолжи во дресот на „старата дама“.

Џовани Карневали од денеска е нов генерален извршен директор на Јувентус и се најадува дека една од неговите први мисии ќе биде да го убеди Душан Влаховиќ да остане во Торино.

„Бјанконерите“ имаат неколку причини за ова, како прво, останување на Душан Влаховиќ ќе значи помал финансиски товар од евентуалните ангажмани на Коло Муани или Александер Сорлот.

Како второ, Душан Влаховиќ е фудбалер кој добро го познава Калчото, па нема да му треба време да се прилагодува, и како трето, тренерот Лучано Спалети очајно притиска Србинот да го предводи нападот.

Токму Лучано Спалети е тој што силно ургирал кај Џовани Карневали да закаже нов состанок со Душан Влаховиќ и да се види дали постои можност за некаков компромис.

На последните преговори, Србинот бараше плата од 8 милиони евра по сезона, плус додатни 10 милиони во форма на бонус за потпис, додека пак предлогот на Јувентус беше плата од 6 милиони евра по сезона, плус додатни 3-4 м милиони како бонус за потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×