Арда Ѓулер стана мета на сеир поради зборовите од тунелот пред натпреварот со Австралија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Австралија со победа од 2-0 над Турција го отвори настапот на Светското првенство во групата Д, а по натпреварот во фокусот на јавноста се најде и турската ѕвезда Арда Ѓулер.

Камерите го снимија офанзивецот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, како со мотивирачки говор се обидува да ги крене своите соиграчи пред почетокот на средбата.

„Многу сме подобри. Да им го покажеме тоа уште од првата минута. Ајде!“, порача Ѓулер пред стартот на натпреварот.

На крајот поради поразот и конечниот резултат тој стана мета на сеир на фановите на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×