На натпреварот на САД и Парагвај за првпат беше искроистен ВАР за „погрешен идентитет“

by Стефан
1 минути читање

Во победата на САД од 4:1 против Парагвај во првото коло на Светското првенство, големо внимание привлече и примената на видео-проверката според новите правила.

Најмногу поради тоа настрада парагвајскиот фудбалер Мигел Алмирон. Тој успеа да изнуди жолт картон за капитенот на американската репрезентација Тим Рим, но на крајот ситуацијата целосно се сврте против него.

Главниот судија Дани Макели доби сигнал да ја прегледа спорната ситуација на видео-снимка. По проверката утврди дека првично донел погрешна одлука, па го поништи жолтиот картон за американскиот капитен. Наместо тоа, жолт картон доби Алмирон поради обид да го измами судијата со глумење прекршок.

Овој случај уште еднаш покажа колку видео-проверката може да има значајно влијание врз судиските одлуки и текот на натпреварите на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×