Како што пренесува Билд, Баерн Минхен е решен по секоја цена да го задржи Мајкл Олисе, клубот од „Алианц Арена“ подготвува богатство за Французинот и нов договор до 2031 година.
Мајкл Олисе имаше одлична сезона во дресот на „баварците“ се очекува да блесне и на мундијалот во САД, каде може да се наметне како прва ѕвезда до тимот на „триколорите“, пред Килијан Мбапе и Осман Дембеле.
Интерес за неговите услуги пројавуваат неколку клубови, ПСЖ и Реал Мадрид се подготвени да платат и преку 150 милиони евра, но Баерн Минхен не помислува да го продаде фудбалерот, наводно ниту за 500 милиони евра.
Германскиот весник Билд сега открива нови информации и вели дека „баварците“ по секоја цена сакаат да го задржат Мајкл Олисе.
На Французинот ќе му биде понуден нов договор со двојно поголема плата, односно околу 25 милиони евра бруто (наместо сегашните 12 милиони) со што би се доближил до најплатените играчи во тимот – Хари Кејн и Џамал Мусиала.
Мајкл Олисе ќе добие и околу 22 милиони евра во форма на бонус за потпис, што е само уште еден доказ дека Баерн ќе направи се што е потребно за да го задржи.