Холандија и Јапонија со фантастичен фудбал и четири гола во второто полувреме ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во еден натпревар со две различни полувремиња, Холандија и Јапонија одиграа реми 2-2 во дуелот од групата Ф на Мундијалот.

Првите 45 минути не донесоа многу возбудувања. Двете селекции играа претпазливо, без сериозни шанси пред противничките голови, па мрежите останаа недопрени во едно од најнеатрактивните полувремиња на досегашниот тек од Светското првенство.

Сепак, продолжението донесе далеку поинтересен фудбал. Холанѓаните поведоа во 51. минута кога Рајан Гравенберх одлично асистираше, а Вирџил ван Дајк ја испрати топката во мрежата за 1-0.

Јапонија не чекаше долго за одговор. Само шест минути подоцна Накамура создаде простор за удар и со прецизен шут го совлада противничкиот голман за израмнување на 1-1.

Темпото на игра значително се зголеми во вториот дел, а решавачкиот момент пристигна кога Гравенберх ја запиша својата втора асистенција на натпреварот. Овој пат неговото додавање го искористи Самервил, кој погоди за 2-1.

Јапонците не се откажаа и вторпат стигнаа до гол за израмнување во самата завршница кога Камада погоди со глава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×