„Кралевите“ забрзано работат на тимот за новата сезона но има несогласување помеѓу Жозе Мурињо и Флорентино Перез за една многу важна работа, дали да биде ангажиран нов „галактико“.
Реал Мадрид ова лето започнува нов проект откако изминативе две сезони не беше освоен трофеј.
На клупата се враќа Жозе Мурињо, кој веднаш доби четири квалитетни засилувања – Ибрахима Конате, Дензел Дамфрис, Бернардо Силва и Марк Кукуреља.
„Специјалниот“ очигледно не може да се жали, но како што пренесуваат медиумите од Шпанија, тој има несогласување со Флорентино Перез за една важна работа.
Претседателот на „кралевите“ сака ова лето да донесе „галактико“ засилување, изминатиов период често се шпекулираше со името на Мајкл Олесе, а беше доставена и понуда од 150 милиони евра за Хулијан Алварез.
Новинарот Мигел Серано вели дека Перез е опседнат со идејата за трансфер бомба и ѕвездено засилување за офанзивната линија, но Жозе Мурињо не е воодушевен од оваа идеја.
Португалецот смета дека Реал Мадрид нема потреба од уште еден звучен напаѓач, бидејќи офанзивната линија е доволно сила.
Наместо да се потрошат 150 или 200 милиони евра на едно големо име, „специјалниот“ би сакал клубот да инвестира во засилување на други позиции, конкретно во двајца играчи од средниот ред.