Ливерпул веднаш почна да работи на тимот за наредната сезона, Арне Слот и раководството сакаат да бидат уште посилни за да се одржат на врвот во Англија и да ја нападнат Европа.
Црвените веќе го договорија Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен за кого ја платија откупната клаузула од 35 милиони евра.
Фимпонг наскоро ќе ги помине медицинските тестови и ќе биде претставен како нов фудбалер на Ливерпул.
Клубот од Енфилд активно работи и на второто засилување, тоа е Милош Керкез од Борнмут.
Личните услови со фудбалерот се договорени, во моментот се случуваат преговорите меѓу двата клуба кои се во напредна фаза.
Се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за висината на обештетувањето и Керкез ќе потпише за Ливерпул, но додека работата не биде завршена и официјално, секогаш може да отиде во друг правец.