Лоши вести пристигнуваат од Ливерпул, откако клубот потврди дека напаѓачот Уго Екитике заработил тешка повреда на Ахиловата тетива.
Францускиот офанзивец се повреди на натпреварот против ПСЖ на „Енфилд“, кога по едно незгодно пролизгување мораше предвреме да го напушти теренот. Деталните прегледи потврдија дека станува збор за руптура на Ахиловата тетива, една од најсериозните повреди во фудбалот.
Првичните прогнози се дека 23 годишниот напаѓач ќе паузира најмалку шест месеци, а можно е закрепнувањето да трае и до девет месеци, во зависност од текот на рехабилитацијата.
Од клубот потврдија дека Екитике нема да биде во комбинација до крајот на сезоната, а сигурно ќе го пропушти и настапот со Франција на Светското првенство.