65
Екипата на Лил во 86. минута
намали на 2-1 со голот на Ел Гази, на гостувањето кај фаворитот ПСЖ во 17. коло
од француската Лига 1, па тоа како да им даде мотивација за гостите да тргнат и
на бод.
Во последниот напад, на
неполни триесет секунди до крајот на мечот, голманот на Лил, Маијан се пресели
на противничката половина во обид да го изненади својот ривал од спротивната
страна, но ова беше ситуација како „порачана“ за феноменалниот тинејџер Мбапе
кој уште еднаш, по којзнае кој пат ја докажа својата класа со неверојатен
спринт.