707
Откако пред почетокот на сезоната Тони Крос објави спортска пензија, сега Германецот ќе има „Уште еден танц“.
На 10 март ќе започне „Лигата на икони“, мини-натпреварување од ревијален карактер кое ќе трае 13 дена. Седум месеци по заминувањето во пензија Крос ќе заигра повторно фудбал, а нема да биде единствена легенда.
Освен тони Крос, ќе играат и активни фудбалери како Роберт Андрих, Антонио Рудигер, Давид Алаба, а тука ќе биде и Франк Рибери, но и лица од други сфери како хокејарот Леон Драисаитл и коментаторот Волф Фас.
Станува збор за турнир во мал фудбал, ќе играат седум екипи со по пет играчи и сите дуели ќе се играат во Дизелдорф. Ростерите на екипите константно ќе се менуваат.