Ламин Јамал по десетина минути игра ја затресе мрежата на Саудиска Арабија за својот прв гол на Светските првенства, ѕвездата на Барселона за 14 дена, стана помлад стрелец од Лео Меси.
Шпанија киксираше против Зелено’ртските Острови на отворањето на мундијалот во САД, па Де ла Фуенте направи неколку промени против Саудиска Арабија и во стартниот состав го вметна недоволно опоравениот Ламин Јамал.
Па „црвената фурија“ заигра далеку подобри и по само десетина минути ја затресе мрежата на противникот.
Педри одлично го уфрли Ојарзабал, кој испрати центаршут по земја, за Ламин Јамал на подалечната статива да пружи нога за 1-0.
За напаѓачот на Барселона ова беше гол првенец на Светските првенства, и собори рекорд на Лео Меси. Со 18 години и 343 дена, тој е 14 дена помлад стрелец од Аргентинецот.
На врвот останува Пеле, кој стрелал со 17 години и 239 дена, а пред Ламин Јамал се уште и имињата на Мануел Росас, Гави, Мајкл Овен, Никола Ковач и Дмитри Сичев.
ФОТО: X/Selección Española Masculina de Fútbol