Куртоа во дилема околу неговата иднина: Среќен сум во Челси, но…

by
1 минути читање

Куртоа може да биде ново засилување на Реал Мадрид, според последната изјава, тој како да го повикува Флорентино Перез да испрати понуда.

„Се уште размислувам за мојата иднина, тоа што реков дека срцето ми е во Мадрид беше лошо интерпретирано, иако имам две деца во Шпанија, во Мадрид и не е лесно. Имам уште една година од договорот со Челси и среќен сум, тие од првиот момент покажаа дека сум важен за нив и тоа не го заборавам. Не мислам дека Флорентино Перез ќе ми се јави, тој ќе му се јави на мојот агент и тој ќе ја слушне понудата“, вели Куртоа.

„Што се однесува до вчерашниот натпревар со Барса, требаше да победиме но една грешка во дефанзивата не чинеше гол. Тие имаа посед но не беа опасни, опасноста си ја креиравме ние“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани