142
Доста интересна средба
имаа Лајпциг и Зенит во првиот меч помеѓу овие две екипи во осминафиналето од
Лига Европа, германскиот тим славеше, но гостинскиот постигна гол на гости,
конечниот исход гласеше 2-1.
Во завршницата од мечот
Кришито успеа да постигне „злато“ вреден гол за рускиот тим, а тоа го направи
на фантастичен начин, погоди од слободен удар, а притоа истиот го посвети на
Давиде Астори, починатиот капитен на Фиорентина.