245
ПСЖ вчера со 5-2 го совлада Стразбур. Мамурлукот по поразот од Реал Мадрид траеше само десетина минути, потоа избраниците на Емери почнаа да играат како што умеат и брзо го средија противникот.
Нејмар одново блескаше на теренот, тој направи дар-мар во одбраната на гостите и донесе водство од 2-1 во 21. минута од мечот.
Но уште поимресивни беа вештините кои ги покажа кон финишот на средбата, кога тргна сам против сите и го измеша пола тим на Стразбур но Анхел Ди Марија промаши зицер и го остави Бразилецот без една од најубавите асистенции оваа сезона.