Кејн: Ова беше луд натпревар!

by riste
1 минути читање

Херојот на Англија денеска беше Хари Кејн, со негови два гола во второто полувреме Англичаните го победија Конго и се пласираа во осминафиналето од Светското првенство.

Кејн беше полн со импресии по денешниот меч кој Англичаните неочекувано тешко го добија.

„Неверојатно чувство. Ова беше луд натпревар. Игравме против цврста и организирана екипа. По првата пауза за освежување го подигнавме нивото на игра. Нивниот голман имаше неколку одлични одбрани, но продолживме да притискаме и знаевме дека нашиот момент ќе дојде“, изјави Кејн по натпреварот.

„Што се однесува до нападот, ова ни беше најдобриот натпревар на првенството. Сега сме во фаза од турнирот кога победите се многу потешки. Во вакви натпревари најважно е да останеш трпелив. Притисокот е поголем, но мора да останеме верни на нашиот начин на игра“, порача Кејн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×