Канада стана првата репрезентација која обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако во драматична завршница ја совлада Јужна Африка со 0-1 (0-0).
Канаѓаните од самиот почеток беа поопасниот противник и создадоа повеќе можности за гол, но долго време не успеваа да најдат начин да го совладаат одличниот Ронвен Вилијамс. Голманот на Јужна Африка беше најзаслужен што неговата селекција остана во игра, со неколку сигурни интервенции во текот на натпреварот.
Африканската селекција успешно одолеваше на притисокот и изгледаше дека ќе избори продолженија, но концентрацијата попушти во судиското надополнување. Во 92. минута, по една одбиена топка во шеснаесетникот, Стефен Еустакио најдобро се снајде и ја затресе мрежата за голема победа и пласман на Канада меѓу осумте најдобри.
Во четвртфиналето избраниците на Џеси Марш ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу Холандија и Мароко.