Каква приказна за голманот на Парагвај: Почнал како напаѓач, продавал опрема за болниот син и игра без плата, а сега…

by 24 фудбал
1 минути читање

Орландо Хил преку ноќ стана национален херој на Парагвај откако со две одбранети пенали ја елиминираше Германија од Светското првенство, но неговата животна приказна е уште повпечатлива од подвигот на теренот.

Пред неколку години голманот ја водел најтешката битка надвор од фудбалот. По раѓањето на неговиот син Лаутаро Даниел, кој имал сериозни здравствени проблеми, Хил бил принуден да продава копачки, дресови и друга спортска опрема за да обезбеди пари за лекување.

Кога се роди Лаути, немавме ништо. Орландо се откажа од стариот клуб. Нашиот син се бореше за живот, но неговиот татко беше секогаш тука. Се надевам дека цел свет ќе дознае дека имаш големо срце“, изјави неговата сопруга Мелиса.

Интересно е што Хил својата кариера ја почнал како напаѓач, но по совет на тренер ја сменил позицијата и застанал на голот, одлука што целосно му ја променила кариерата.

Врвот го достигна на Мундијалот против Германија. Најпрво поради прекршок врз него беше поништен гол на Германците, а потоа во пенал серијата ги запре ударите на Каи Хаверц и Валдемар Антон, носејќи му историски пласман на Парагвај.

Инаку, Хил моментално шест месеци е без плата во редовите на својот клуб Сан Лоренцо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×